Фенербахче ја декласира Басконија во еден од петте натпревари кои во четвртокот се одиграа, во рамките на 10.коло во Евролигата.
Басконија ја доби првата четврита против европскиот првак 25:15, но во останатите три немаше решение за одбраната која ја одигра Фенербахче. Во втората и третата четвртина Басконија постигна 26 поени, а Фенербехче лесно ја одржуваше двоцифрената предност.
Џејмс Нанали постигна 16, а Костас Слукас 14 поени за европскиот првак, додека Басконија ја предводеше Торнике шенгелија со 13 поени.
Басконија-Фенербахче 69:83 (25:15, 12:26, 14:25, 18:17)
Вицепрвакот на Европа, Олимпијакос, иако тоа резултатот не го покажува, истот така рутински славеше вп Валенсија. Грчкиот тим од првиот до последниот напад имаше водство, го контролираше мечот, а Валенсија само еднаш, во финишот на првата четвртина се доближи на поен негатива.
Јоргос Принтезис со „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и 14 скока го предводеше Олимпијакос, додека поен повеќе уфрли Костас Папниколау. Најефикасен кај Валенсија беше поранешниот играч на Олимпијакос Ерик Грин со 26 поени.
Валенсија-Олимпијакос 64:72 (13:23, 17:15, 15:19, 19:18)
Макаби по голема борба успеа да слави во дуелот со Жалгирис. Поранешниот играч на Мајами Хит, Норис Кол беше најефикасен со 26 поени, додека екс кошаркарот на ФМП од Железник Џона Болден оствари 9 поени, 10 скока, 4 асистенции и 5 украдени топки. Литванскиот тим го предводеше Артурас Милакнис со 19 поени.
Макаби-Жалгирис (15:14, 24:15, 26:22, 16:23)
Анадолу Ефес ја прекина серијата од три порази во дуелот со Армани Милано. Во неизвесен натпревар Ефес во завршницата стигна до третата сезонска победа. Армани во последната минута велзе со поен предност 66:67, но до крајот Штимац постигна два поени и реализира едно слободно фрлање, а Зоран Драгиќ кој од Милано се пресели во Ефес со тројка стави точка на мечот.
Владимир Штимац ја потврди добрата форма со 19 поени и 10 скока, додека кај Армани најефикасни беа Владимир Мицов и македонскиот репрезентативец Џордан Тиодор со по 15 поени.
Анадолу Ефес-Армани Милано 73:68 (23:16, 10:14, 19:20, 21:18)