Фенербахче одигра неверојатна дефанзивна партија за да ги примораат Жалгирис да постигнат намалку поени во Евролигата овој век за да поведат со 1:0, додека ЦСКА Москва беше убедлива против Басконија во првите мечеви од плејофот.
Никола Калиниќ постигна 16 поени, а Фенер стигна до 76:43 победа, откако во две четвртини им дозволија само 8 поени на гостите. Претходно најлошиот скор на литванскиот клуб беше 80:50 поразот од Локомотив Кубан во 2015 година.
Во Москва, „армејците“ предводени од Серхио Родригез стигнаа до 94:68 победа над Басконија, со фантастичното второ полувреме. Родригез имаше 19 поени (5-од-6 за тројки) и додаде пет асистенции, Кори Хигинс имаше 12, а Нандо де Коло 11 поени.
ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
ЦСКА Москва – Басконија 94:68 (23:24, 21:16, 29:12, 21:16)
Фенербахче – Жалгирис Каунас 76:43 (15:13, 23:8, 21:14, 17:8)