Top Sport

Фенербахче избегна линч во Трабзон, па го декласира противникот (Видео)

Натпреварот помеѓу Трабзон и Фенербахче е прекинат по 16 минути игра откако гостинските кошаркари го напуштиле теренот. Откако натпреварот продолжил Фенер го декласира домаќинот со 119:90.

Инцидентот започна на 4,25 минути до крајот на првиот дел кога Јан Весели направи неправилен блок, а судијата досуди фаул во напад. Тогаш настана хаос на теренот Крис Обекпа налета на чешкиот центар и го собори на паркетот.

Потоа и домашните фанови (ривалството помеѓу Трабзон и Фенербаче е големо) се обидоа да се пресметаат со играчите на европскиот првак.

Потоа Фенербахче го напушти теренот, а кога се вратија го декласираа ривалот. Во 16.минута резултатот беше 35:37, а до крајот Фенербахче уфрли 119 поени.

Scroll to Top