Кошаркарскиот клуб Фенербахче ја започна реконструкцијата на тимот. Минатата сезона, Фенербахче најпрвин остана без трофејот во Купот на Турција, потоа испаднаа во четвт-финалето во Лигата на шампионите и за крај беа прегазени од Анадолу Ефес, финалната серија во домашното првенство.
Фенербахче подели шест откази, а се уште е неизвесно дали тренерот Игор Кокошков ќе остане во клубот.
Клубот го напуштија Џандан Беркај, Кенан Сипахи, Кајл О’Квин, Алекс Перез, Џони Хамилтон и Лоренцо Браун.