Top Sport

Февруарскиот „прозорец“ ќе се игра во Перм

Бордот на ФИБА Европа донесе одлука, вториот квалификациски турнир од Б-групата за пласман на Евробаскетот 2022 година, да се игра во Перм, Русија. Според одлуката, натпреварите ќе се одржат во периодот од 19. до 21. февруари.

Согласно донесениот распоред, на 19. февруари треба да се играат натпреварите Македонија-Русија и Италија-Естонија. На 21. февруари пак се закажани мечевите Македонија–Италија и Русија-Естонија.

Надлежната комисија на ФИБА Европа, дополнително ќе ги одреди термините за натпреварите кои Македонија треба да ги одигра против Италија и Естонија.

Овие натпревари требаа да се одиграат минатата недела, во „балонот“ во Талин, меѓутоа беа одложени поради позитивни тестови на коронавирусот во редовите на македонската репрезентација.

Фото/kfsm.mk

Scroll to Top