Top Sport

Руседски: Публиката покажа непочитување кон Ѓоковиќ

Роџер Федерер вчера го победи Новак Ѓоковиќ (6/4, 6/3), го елиминира Србинот од Завршниот мастерс и го остави без шанси годината да ја заврши на првото место на АТП листата.

Федерер одигра одлиен меч, особено во првиот сет кога имаше само една неизнудена грешка, додека Ѓоковиќ беше далеку од своето најдобро издание.

Во делови од мечот Ѓоковиќ не успеа да избори со притисокот од (не)коректната публика. Навивачите во „О2“ арената во Лондон бурно ги прославуваа грешките на Ѓоковиќ.

„Непочитување е кога ракоплескате на нечија дупла сервис грешка“, рекол поранешниот тенисер Грег Руседски.

„Гајле ми е дали публиката повеќе навива за еден од играчите, тоа е избор на секој поединец, но не треба да се минуваат одредени граници. Сигурно дека тоа имаше влијание врз Ѓоковиќ. Забележливо беше дека тоа му пречи, дека не може да се избори со тоа“, заклучил некогаш четвртиот играч во светот.

Федерер му се реваншираше на Ѓоковиќ за болниот пораз пред четири месеци во финалето на Вимблдон и воедно ја забележа првата победа над Србинот по пауза од четири години.

Scroll to Top