Светската кошаркарска федерација (ФИБА), во пресрет на извлекувањето на групите за Светското првенство во Кина, објави дека носители ќе бидат САД, Шпанија, Франција и домаќинот Кина.
Ждрепката ќе биде извршена в сабота, од 11:30 часот по средно европско време, во градот Шенжен.
На Мундо баскетот ќе учествувата 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во осум групи.
Носители (барабан 1): Кина, САД, Франција, Шпанија
Барабан 2: Србија, Аргентина, Литванија, Грција
Барабан 3: Русија, Австралија,м Бразил, Италија
Барабан 4: Порторико, Турција, Доминиканска Република, Венецуела
Барабан 5: Германија, Чешка, Полска, Иран
Барабан 6: Канада, Црна Гора, Филипини, Кореа
Барабан 7: Нигерија, Нов Зеланд,Сенегал, Ангола
Барабан 8: Јапонија, Тунис, Јордан, Брегот на Слонова коска.
Мундо баскетот ќе се одржува од 31 август до 15 септември.