Top Sport

Филаделфија еден месец без Џејмс Харден

Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден, ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на тетивата на десното стапало, објавија американските медиуми.

Харден се повреди при поразот од Вашингтон во средата со 111:121. По лекарските прегледи, утврдено е дека Харден ќе мора да паузира еден месец, соопшти „ЕСПН“.

Во првите девет натпревари од сезоната, Џејмс Харден имаше просек од 22 поени и 10 асистенции за својот тим. Филаделфија победи на четири натпревари и претрпе пет порази оваа сезона.

Scroll to Top