Филаделфија го израмнија резултатот на 1:1 во серијата со Бруклин Нетс. Филаделфија, вториот меч го добија со убедливи 145:123. Серијата сега се сели во Бруклин каде ќе се одиграат третиот и четвртиот меч.
Кошаркарите на Филалделфија прашањето околу победникот го решија во третата четвртина, кога ги торпедираа кошот на противникот. Во овој период домашните играчи постигнаа 51 поен.
Шестмина кошаркари на Филаделфија постигнаа двоцифрен број на поени. Ембид постигна 23, Херис 19, Симонс забележа трипл-дабл (18 поени, 10 скока, 12 асистенции), Редик заврши со 17 поени, а Марјановиќ забележа 16 поени и 8 скока.
Динвиди со 19 и Расел со 16 поени беа најефикасни во редовите на Бруклин.