Кошаркарската репрезентација на Финска е првата европска селекција која избори пласман на Светското првенство во 2023 година, кое ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипините.
Во петокот Финска ја совлада Естонија со 76:68 и благодарение на вчерашните резултати избори место на СП. Словенија доживеа пораз во Германија 90:71, додека Шведска неочекувано ја победи во Израел 95:83.
Финска има подобар меѓусебен скор со Словенија и Шведска од првата квалификациска рунда, што им гарантира едно од првите три места во Ј-групата.
До решавачката победа во Талин, Финска ја предводеа Сасу Салин со 20 поени, Лаури Марканен додаде 18 со 9 скока, додека Александар Мадсен имаше дабл-дабл со 11 поени и 12 скока.
Финците по втор пат во својата историја ќе учествуваат на Мундобаскетот, првпат по 2014 година кога беа 22. во Шпанија.
Финска е втората селекција што се квалификувала за СП; претходно од Африка место на кошаркарскиот мундијал обезбеди Брегот на Слоновата коска.