Top Sport

Франција се квалификуваше за СП, Грците подобри од Германија (видео)

Франција со 79:65 славеше против Чешката Република во Пардубице за да „визира“ билетот за Светското првенство во Кина во септември 2019 година.

Без НБА кошаркарите и дел од тие кои настапуваат во Евролигата, триколорите се искачија на првото место во групата К без домашен пораз и со осум победи. Амат М’Баје беше најдобар стрелец за Французите со 18 поени, а 15 додаде Пол Лакомб, додека кај Чесите, кои се на второто место на табелата во групата К, Војтех Хрубан уфрли 20 поени.

Во пресметка на две квалификувани репрезентации, Грција со 92:84 ја победи Германија во дербито на групата Л, предводени од 25-те поени на Јанис Бурусис и 19-те на Јанулис Ларенѕакис.

Претходно, Израел му направи многу проблеми на српскиот тим, победувајќи го 83:74 за да го искомпликува нивниот пат на СП.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

ГРУПА К

Бугарија – Босна и Херцеговина 89:82 (25:22, 20:29, 27:16, 17:15)

Чешка Република – Франција 65:79 (19:26, 18:13, 14:13, 14:27)

Финска – Русија 75:77 (18:13, 18:14, 21:20, 11:21, 7:9)

Табела: Франција 17, Чешка 16, Русија 14, Бугарија 13, Финска 13, БиХ 11

ГРУПА Л

Израел – Србија 83:74 (29:24, 14:21, 16:15, 24:14)

Естонија – Грузија 73:80 (19:22, 13:19, 17:16, 24:23)

Грција – Германија 92:84 (23:22, 22:13, 18:21, 29:28)

Табела: Грција 18, Германија 17, Србија 14, Грузија 13, Израел 13, Естонија 11



Scroll to Top