Top Sport

Французите ја „уништија“ Полска за финале на Евробаскетот

Предводени од неверојатниот Гершон Јабуселе, Французите им дадоа вистинска кошаркарска лекција на Полјаците за доминантна 95:54 победа за пласман во финалето на Евробаскетот. Во еден неверојатен меч, Полјаците имаа само 18 поени во првото полувреме, во кое беа немоќни против расположените „триколори“, кои сега ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Германија и Шпанија во големото финале.

Полјаците беа можеби најпријатното изненадување на европскиот шампионат, откако ги елиминираа актуелните шампиони, Словенците, но против Франција се посрамотија, посебно во првото полувреме, во кое имаа 18 поени, што е најмалку на едно полуфинале на континенталниот шампионат од 1946 година, кога Унгарците имаа 13 поени против Чехословачка.

По катастрофалното прво полувреме, во кое Франција имаше предност од 34:18, играта на Полска се „распадна“ во второто полувреме, дозволувајќи Франција да стигне до победа со неверојатни 41 поени разлика. Јабуселе го заврши мечот со 22 поени и 4 скока, додека Еван Фурние имаше 10 поени и 4 скока за доминантните Французи.

Scroll to Top