Селекторот на кошаркарската репрезентација на Франција, Венсан Коле, го соопшти списокот на играчи на кои смета за Светското првенство во Кина.
На главниот список на Коле има имиња на 15 играчи, а селекторот објави и спискот на кој што има седум резерви.
Составот на Французите е комбинација на кошаркари кои играат во НБА и Евролигата, односно во домашниот шампионат. На спискот има тројца играчи кои во минатото играче во АБА лигата, во Мега Бемакс, Црвена ѕвезда и Партизан: Тимоти Луваву, Матијас Лесор и Лео Вестерман.
Списокот на Франција:
бекови: Томас Ертел, Ендрју Албиси, Френк Нтиликина, Нандо Де Коло, Еван Фурние, Пол Лакомб
крила: Николас Батум, Аксел Тупан, Тимоти Луваву
крилни центри: Луис Лаберје, Амат М’Баје, Адриен Морман
центри: Руди Гобер, Матијас Лесор, Венсан Поаре.
La liste des 1⃣5⃣ joueurs ?? retenus par Vincent Collet pour la préparation à la @FIBAWC ? #TeamFranceBasket pic.twitter.com/MEifT9qvrt
— Equipes de France de Basket ⛹️♂️⛹️♀️ (@FRABasketball) June 12, 2019
Со екипата ќе работат и Алесандре Шасан односно супер талентот Тео Маледон. На резервниот список се наоѓаат: Лео Вестерман, Мустафа Фал, Едвин Џексон, Лау Конате, Јакуба Оутара и Гершон Јабуселе.
Франција на Светското првенство ќе игра во Г-групата против Германија, Доминиканска република и Јордан.