Top Sport

(Видео) Јутјуб ѕвездата Спид, конечно, се сретна со Роналдо и падна на коленици

Популарниот јутјубер „IShowSpeed“ (вистинско име Дарен Воткинс), конечно, ја исполни својата огромна желба, среќавајќи се со Кристијано Роналдо.

И покрај тоа што уште е средношколец, Спид има армија на фанови и заработи милиони долари преку својот Јутјуб канал, и неколку години се обидуваше да се сретне со фудбалската легенда. Овојпат, по мечот на Португалија со Босна и Херцеговина и благодарение на Рафаел Леао, желбата беше исполнета.

Очигледно воодушевен, Спид прво падна на колена, за потоа да се соземе доволно за да се фотографира со неговиот хреој и да му ја покаже тетоважата со славната прослава на Португалецот.

Scroll to Top