Top Sport

Гасол се враќа во Барса?

Шпанската кошаркарска легенда, Пау Гасол, би можел да биде следното големо засилување на Барселона, објавија шпанските медиуми.

Иако има 39 години, кошаркарот неодамна изјави дека нема намера да ја заврши кариерата. Тој е слободен играч откако му истече договорот со Милвоки Бакс. Гасол чека понуда од НБА лигата, но медиумите објавија дека интересна понуда добил од татковината.

Барселона, неговиот поранешен клуб, му нуди ангажман.

Освојувачот на две титули во НБА лигата, играше во Барселона во периодот од 1998 до 2001 година кога се пресели во САД.

Scroll to Top