Top Sport

Газдата на Санс: Го респектирам Јокиќ, нема потреба за никаква казна

Мет Ишбија, газдата на Финикс санс, се јави на социјалните мрежи по „пресметката“ со ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, велејќи дека нема потреба да се доделуваат суспензии за инцидентот.

Србинот доби техничка грешка за обидот да ја земе топката од Ишбија, а потоа Денвер загубија со 129:124 од Финикс за израмнување на серијата на 2:2. Јокиќ може да добие дополнителна казна за петтиот меч, но Ишбија вели дека тоа не е потребно.

„Голема победа за Санс вчера во неверојатната серија досега. Тоа треба да биде единствената приказна. Суспендирање или казнување некого за инцидентот не би било во ред. Имам голем респект за Јокиќ и не сакам да видам такво нешто. Возбуден сум за петтиот натпревар. Напред, Санс“, напиша Ишбија.

(Видео) Јокиќ во клинч со газдата на Феникс Санс

Scroll to Top