Кошаркарската репрезентација на Германија се пласира во четврт-финалето на Европското првенство откако успеа да ја совлада Црна Гора со 85:79. Во најголем дел од мечот Германците имаат огромна предност, водеа и со 24 поени разлика, но на крајот Црногорците намалија и до „минус три“. Сепак, Германија не дозволи изненадување и на крајот триумфираше.
Денис Шродер со 22 поени беше најефикасен кај Германците, а Кендик Пери со 23 кошеви и Бојан Дубљевиќ беа расположени во составот на Црна Гора.