Шпанскиот шампион Басконија го ангажираше првото засилување за новата сезона. Дресот на Басконија во наредните три години ќе го носи Литванецот Рокас Гиедраитис.
27 годишниот крилен-центар карирата ја започнал во 2011 година во Шиалуаи, потоа играл во Ритас и Алба Берлин.
Минатата сезона во Евролигата Гиедраитис имал просек од 13,8 поени и 4 скока по натпревар.
Инаку Басконија во средата потпиша нов договор и со тренерот Душко Ивановиќ.