Доскорешниот селектор на кошаркарската селекција на Србија, Александар Ѓорѓевиќ еден месец по завршувањето на Мундобаскетот во Кина одлучи да проговори за напуштањето на државниот тим, а како главна причина е тоа што сака целата енергија да ја посвети на клупскиот ангажман во Виртус Болоња.
„Сакам да ја концентрирам својата енергија на проектот – Виртус. Се работи за многу сериозна работа за која е потребен огромен труд. Националната селекција, двојниот ангажман ми одземаа многу енергија затоа што сум по природа многу самокритичен кон самиот себе. Долго време бев селектор и дојде време за промена. Ми беше тешко да ја донесам таа одлука, но мораше така“ – изјави Ѓорѓевиќ за италијанските медиуми.
Тој рече дека по 5 години во националниот тим дошло време да каже доста е.
„Тренерите чувствуваат кога е време да се оди по нови предизвици. Виртус е денес мојата опсесија“ – смета тренерот.
Тој објасни и зошто инсистирал да се доведат двајца српски плејмејкери (Теодосиќ и Маркович) во Болоња.
„Бековите држат најмногу топки во рацете. Тие двајца се лиери, таа улога ја имаа и во репрезентацијата. Мораат да им го пренесат духот на алтруизмот и на соиграчите, да им се наметне тоа `ние` пред тоа `јас`. Кога го преземав Виртус, тимот просечно имаше по 12 асистенции по меч. Во финалето на ЛШ победивме со 26 асистенции. Тоа е базата на секој напад“ – вели Ѓорѓевиќ.