Top Sport

Ѓорѓевиќ нов селектор на Кина

Легендата на српската кошарка, Александар Саша Ѓорѓевиќ е новиот селектор на Кина, потврди еден од најпознатите кошаркарски менаџери, Мишко Ражнатовиќ.

Официјалната кинеска новинска агенција Сина тврди дека двете страни постигнале договор и дека Ѓорѓевиќ ќе заработува 1.000.000 долари годишно.

Ѓорѓевиќ е поранешен тренер на Панатинаикос, Виртус Болоња, Фенербахче и репрезентацијата на Србија.

Со Србија освои три сребрени медали: 2014 година во Шпанија на Мундобаскетот, 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и 2017 година во Турција на Евробаскетот.

Scroll to Top