Џабари Паркер ќе ги напушти САД и НБА и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, откри „Мундо Депортиво“. Во 2014 година, Милвоки Бакс го избраа како втор на драфтот од колеџот Дјук, зад првиот пик Ендрју Вигинс и пред третиот пик Џоел Ембид, денес еден од најдобрите кошаркари во светот.
Иако требаше да биде новата ѕвезда на НБА, Паркер беше уништен од повредите. Досега има настапувано за Милвоки Бакс, Чикаго Булс, Вашингтон Визардс, Атланта Хоукс, Сакраменто Кингс и за Бостон Селтикс.
Неговата најдобра сезона беше во 2016/2017 година, кога за Милвоки Бакс постигна просечни 20,1 поен, но по втората операција на вкрстените лигаменти на левото колено не беше ни блиску до тоа ниво.