Top Sport

Го навредуваа Леброн, обезбедувањето ги исфрли од арената

Обезбедувањето, на барање на Леброн Џејмс, исфрли навивачи од арената на Индијана Пејсерс.

ЛА Лејкерс, по едно продолжение, славеа победа над Пејсерс 124:116. Леброн Џејмс, се врати по одлежаната суспензија за инцидентот со Ајзеа Сјуарт во Детроит и го предводеше тимот со 39 поени.

На две и пол минути до крајот на регуларниот дел од натпреварот, Џејмс во разговор со судиите покажа кон момче и девојка од првиот ред. Веднаш интервенирапе обезбедувањето кои ги исфрли од арената.

Додека ја напушташе арената, девојката имитираше бебешко плачење гледајќи во правецот на Џејмс.

„Ништо не ми пречи, но постои разлика кога навиваш за својот тим, кога со свирежи ќе го испратиш противникот и кога ќе се премине границата со непристојна гестикулација и со зборови за кои нема толеранција. Никогаш нешто такво не би му кажал на противник или навивач на противничкиот тим“, рекол Џејмс.

Scroll to Top