Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Мемфис Гризлис со 110:96 и стигнаа до 4:2 во серијата пласирајќи се во финалето на Западната конференција, каде ќе играат со победникот од серијата Феникс – Далас, каде што треба да се одигра седмиот натпревар.
„Воините“ пред самиот крај го скршија отпорот на Мемфис Гризлис, кои на овој натпревар мораа да го играат без првата ѕвезда на тимот Џа Морент кој не настапи поради повреда.
Победничкиот тим го предводеа „браќата Сплеш“, Клеј Томпсон и Стеф Кари.
Томпсон постигна 30 поени, имаше осум скока и постигна осум тројки. Стеф Кари го заврши мечот со 29 поени, со нешто полош процент на шут од игра. Додаде седум скока и пет асистенции.
Дрејмонд Грин исто така беше многу добар. На овој натпревар имаше 14 поени, 15 скока и осум асистенции. Треба да се истакне и добрата улога на Ендрју Вигинс, кој постигна 18 поени со 11 уловени топки.
Во тимот на Мемфис се истакна Дилон Брукс со 30 поени, а Дезмонд Бејн постигна 25 поени. Двоцифрен беше и Џерен Џексон со 12 поени.
Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Милвоки Бакс со 108:95 и обезбеди седми натпревар во оваа серија , кој ќе го реши вториот учесник во финалето на Западната конференција. Тој дуеч ќе се игра в недела од 21.30 часот по средноевропско време.
Џејсон Тејтум одигра феноменална партија. Кошаркарот на Бостон постигна 46 поени со девет скока и четири асистенции. Го следеше Џејлен Браун со 22 поени, додека поен помалку постигна Маркус Смарт, со седум асистенции и пет скока. Тројцата постигнаа 89 поени од вкупно 108 колку што имаше Бостон на крајот од мечот.
Од друга страна, не беше доволна одличната партија на Јанис Адетокумбо. Тој го заврши мечот со 44 поени, 20 скока и шест асистенции. Покрај него тука беа и двоцифрениот Џру Холидеј со 17 поени и Пет Конатон кој постигна 14 поени.