Гостивар со 88:81 (23:14, 21:18, 20:21, 24:28) го совлада тимот на Фени Индустри за да го обезбеди последното место во полуфиналето на Купот на Македонија.
Тимот на Марјан Србиновски беше во предност во речиси целиот натпревар, но не успеаја да се одвојат на голема разлика. Следни за нив се Блокотехна во првото полуфинале (утре 17.30 часот), додека во второто полуфинале се среќаваат „вечните“ ривали МЗТ Скопје и Работнички (утре 20.15 часот).
Диме Тасовски со 17 и Трајковски со 13 беа најефикасни за Гостивар, додека кај Фени одлична партија имаше Марковски со 24 поени.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ
Блокотехна – Охрид 115:68 (27:18, 34:17, 25:14, 29:19)
Работнички – Куманово 104:80 (31:16, 23:22, 23:13, 27:29)
МЗТ Скопје – Кожув 89:62 (24:10, 16:15, 28:17, 21:20)
Гостивар – Фени И. 88:81 (23:14, 21:18, 20:21, 24:28)
Фото: МКФ