Top Sport

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Грците можат да здивнат, првата ѕвезда на нивниот кошаркарски тим Јанис Адетокумбо нема посериозна повреда и ќе може да настапи во осминафиналната пресметка против Чешка. Натпреварот се игра утре, а Јанис е под специјален лекарски третман.

Кошаркарската репрезентација на Грција со пет победи на пет натпревари ја заврши групната фаза од Европското првенство.

Јанис Адетокумбо го повреди скочниот зглоб на претходниот меч, но, сепак, информациите се дека повредата не е многу сериозна.

Осминафиналните натпревари на Евробаскет почнуваат денеска.

Scroll to Top