Грците не можат да се помират со елиминацијата од Светското првенство во Кина. Јанис Адетокумбо, Ник Калатес и останатите вчера ја победија Чешка со недоволна разлика што ќе им овозможеше пласман во четврт-финалето. Грците славеа 84-77, а им требаше победа со најмалку 12 поени разлика.
Грците се незадоволни од судењето, особено од третманот што кај арбитрите го имал најдобриот играч Адетокумбо, кој поради пет прекршоци го заврши мечот три минути пред крајот. За нив се спорни двете лични грешки што на МВП во НБА-лигата му биле досудени во напад и фактот дека над Калатес, кој на теренот мина 37 минути бил досуден само еден фаул.
Челниците на Кошаркарскиот сојуз на Грција од надлежните во ФИБА побарале да реагираат за лошото судење на СВетското првенство.
Во соопштението тие побарале да биде суспендирани судиите кои ја делеа правдата на нивниот меч со Чешка, но и суспензија на човекот кој ги делегира судиите на СП.
Судењето на Светското првенство е лошо што е разбирливо бидејќи главните арбитри од Европа не се делегирани поради фактот што се дел од Евролигата.
Незадоволство постои кај сите репрезентации, а прв јавно се побуни сега веќе поранешниот литвански селектор Диниус Адомаитис, чија репрезентација поради груба судиска грешка е елиминирана од Светското првенство.