Top Sport

Грег Поповиќ исклучен по 63 секунди игра (Видео)

Денвер Нагетс ги декласираа Сан Антонио Спарс 113:85, во натпревар што требаше да биде дерби во НАБ лигата.

Нагетс натпреварот го решија во првиот дел. На полувреме имаа предност 61:43. Најинтересниот момент на натпреварот се случи на самиот почеток во 63 минута, кога поради жестока расправија со судиите, поради две технички грешки исклучување доби тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.

Денвер се втори на Западот со скор 52/26, а Сан Антонио се на осмата позиција со скор 45/34.

Scroll to Top