Top Sport

Грин: Дурент само требаше да побара да ме „трејдуваат“

Крилниот кошаркар на Голден стејт Вориорс Дрејмонд Грин уште еднаш проговорил за односот што го имал со поранешниот соиграч Кевин Дурент.

Не е тајна дека Грин и Дурент не биле во добри односи, поради што многумина одлуката да ги напушти Вориорс, која ја донесе Дурент, ја поврзаа со Грин.

„Доколку Кевин сакаше да остане во Ворирос можеше да побара да ме трејдуваат. Ќе имав разбирање за една таква одлука, јасно мие дека ова е бизнис. Тој само требаше да оди кај Боб Мајерс и да му каже: ‘Јас ќе останам но Дрејмон мора да замине’. Мејерс потоа би ме побарал и би ми кажал: ‘Дрејмонд те сакам, нема да те испратам во лош тим, ќе ти помогнам да заминеш каде што сакаш’. Дурент не замина поради мене, да сакаше да остане јас ќе си одев. И понатаму го сакам иако неговите чувства кон мене можеби не се исти. До крајот на животот ќе бидам тука за него“, рекол 30 годишниот Грин.

Дрејмонд Грин и Кевин Дурент заедно ги освоија шампионските титули во 2017 и 2018 година. Дурент од оваа сезона, која ја пропушта поради повреда е во Бруклин Нетс.

Scroll to Top