Top Sport

Манчестер сити му „фрлиле око“ на Обамејанг

Долг е редот на клубови кои во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат капитенот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот одби да потпише нов договор со Арсенал, а бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2021 година, јасно е дека претстојниот преоден рок е последна шанса „тобџиите“ да заработат добра сума од неговиот трансфер.

Обамејанг се поврзува со Реал и Барселона, наводно интерес за него покажува и Интер. Се шпекулира дека Ливерпул би испратиле понуда доколку Мане или Салах го напуштат клубот. Во редот за неговиот потпис застанал и Манчестер сити.

Повикувајќи се на извори од Англија, највлијателниот спортски медиум во Португалија А Бола, тврди дека „граѓаните“ го означиле Обамејанг како идеална замена за Кун Агуеро.

Според овој извор Манчестер сити биле подготвени да ја платат сумата што ќе ја побараат од Арсенал. Се шпекулира дека Арсенал би го продале Габонецот за 60 милиони евра.

Scroll to Top