Top Sport

Грин: Јас сум најдобриот дефанзивец на сите времиња!

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин смета дека токму тој е најдобриот кошаркарски дефанзивец во НБА лигата и тоа на сите времиња. Тој беше прогласен за дефанзивец на годината во 2017 година, а трипати беше дел од првиот дефанзивен тим во лигата. Истата година беше прогласен и за најдобар „крадец на топки“.

Сезонава повторно има мал број на поени (6,1 во просек), но затоа пак има 6,5 кока, односно 8,5 асистенции по меч.

Исто така, зад неговото име стои просек од 1,4 украдени топки, но и речиси 1 блокада по меч.

„Јас сум најдобриот дефанзивец во историјата на оваа игра, кога сум 100% подготвен. Тоа е моето мислење. Мислам дека поинаку гледам на кошарката за разлика од останатите играчи. Што прави добриот дефанзивец? Времето со кое реагира, цврстина, скокот и да гледате однапред што ќе се случи со противничкиот напад. Подготвен сум да го предизвикам секој оној кој мисли дека не сум најдобриот дефанзивец на сите времиња“ – рече Дрејмонд Грин.

Scroll to Top