Невкусно навивање го обележа почетокот на втората четвртина на натпреварот меѓу Партизан и Валенсија во последното коло, во Евролигата.
Мета на навивачите на Партизан, кои се нарекуваат „Гробари“, беше прославениот хрватски кошаркар Дино Раџа.
„Клубот им припаѓа на оние кои живеат од него, а не на кретените кои се восхитуваат на атмосферата. И ние никогаш нема да се преправаме дека сме фини, кон Уст**ш кој бега од подиумот во Атина“, пишуваше на транспарентот истакнат на трибината резервирана за ултрасите на Партизан.
Порака која ја испратија „Гробари“. наиде на реакции од еден дел од трибините, кои на паролата одговорија со гласно свирење и извикување „Циг**и, циг**и“.
Сето тоа го расипа впечатокот од атмосферата на последниот натпревар на Партизан сезонава во елитното натпреварување.