Top Sport

Гудуриќ го потпиша договорот со Мемфис

Српскиот кошаркар Марко Гудуриќ потпишал повеќе годишен договор со Мемфис Гризлис, соопшти клубот. Гудуриќ изминатите две сезони ги мина во редовите на Фенербахче.

Гудуриќ (24) ќе ја засили бековската линија во овој тим, чија главна цел наредната сезона ќе биде промоција на младите играчи.

Клубот не објави на колку години е потпишана соработката, медиумите претпоставуваат дека се работи за три или четири годишен договор.

Во кариерата Гудуриќ бил играч на ФМП Железник, Црвена ѕвезда и Фенербахче.

Scroll to Top