Top Sport

Харден ја доби „револверашката“ пресметка со Бил (Видео)

Нестварен меч одиграа Вашингтон и Хјустон кој го реши Џејмс Харден во последните секунди. Бостон го добија дербито со Милвоки, а Филаделфија ја продолжи серијата без пораз.

Хјустон славеа во Вашингтон со 159:158 со поените на Харден од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот.

Претходно на седум секунди до крајот Бредли Бил со три слободни фрлања израмни на 158:158.

Харден натпреварот го заврши со 59 поени и девет асистенции, додека Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл (17 поени, 10 скока, 12 асистенции). Брилијантен меч на спротивната страна одигра Бредли Бил (46 поени, осум асистенции).

Бостон со пресврт успеаја да слават во дуелот со Милвоки 116:105. Милвоки имаа предност од 16 поени во првиот дел (42:58). Селтикс се вратија во третиот период (38:18) и до крајот не дозволија изненадување.

Кемба Вокер (32 поени, шест скока и асистенции) и Џејсон Тејтум (25 поени) ги предводеа Селтикс. Кај Милвоки се истакнаа Крис Мидлтон (24 поени) и Јанис Адетокунбо (22 поени, 14 скока, пет асистенции).

Резултати:

Кливленд Кавалирс-Чикаго Булс 117:111
Орландо Меџик-Њујорк Никс 95:83
Филалделфија-Минесота Тимбервулвс 117:95
Бруклин Нетс-Индијана Пејсерс 108:118
Торонто Репторс-Детроит Пистонс 125:113
Окалхома сити тандер-Портланд Трејлблејзерс 99:102
Сакраменто Кингс-Шарлот Хорнетс 111:118
Јута Џез-ЛА Клиперс 110:96
Голден стејт Вориорс-Финикс Санс 110:121

Scroll to Top