Кошаркарите на Оклахома го компромитираат учеството во плејофот, откако доживеаја нов пораз, четврти во низа. Измината ноќ во НБА лигата индивидуално го обележаа Џејмс Харден од Хјустон и Џоел Ембид од Флиладелфија.
Оклахома, пред неколку недели беа трети на Западот, а по најновиот пораз, се наоѓаат на осмото место и до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе водат голема борба за пласман во плејофот.
Тандер, по продолжението, беа поразени од Торонто 114:123. Оклахома доживеа порази иако Расел Вестбрук одигра „страшен“ меч (42 поени, 11 скока, 6 асистенции). Пол Џорџ постигна само 19 поени, додека потфрли Стивен Адамс со четири поени.
Торонто ќе играат без првиот плејмејкер Кајл лаури до крајот на сезоната, меѓутоа тоа не се почувствува на овој меч. Паскал Сијакам забележа 33 поени и 13 скока, а Каваи Ленард 22 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Хјустон Рокетс паднаа во продолжението против Мемфис Гризлис 126:125. На франшизата од Тексас не им помогна ниту монструозната партија на Џејмс Харден (57 поени, 7 скока, 8 асистенции). Мемфис до победата ги предводеа Литванецот Јонас Валанчунас со 33 поени, 15 скока, односно Мајк Конли со 35 поени и 8 асистенции.
Филалделфија, во финишот на сезоната, влегуваат во посакуваниот ритам. Во дербито на Истокот, Фила славеа над Бостон Селтикс 118:115. Блескаше Камерунецот Џоел Ембид со 37 поени, 21 скок, 4 асистенции. Бостон ги предводеше Кајто Ирвинг со 36 поени и 9 скока.
Резултати:
Кливленд Кавалирс-Милвоки Бакс 107:102
Орладно Меџик-Њу Орлеанс Пеликанс 119:96
Филалделфија-Бостон Селтикс 118:115
Њујорк Никс-Јута Џез 116:137
Чикаго Булс-Вашингтон Визардс 126:120
Мемфис Гризлис-Хјустон Рокетс 126:125
Сан Антонио Спарс-Мајами Хит 105:110
Оклахома Тандер-Торонто Репторс 114:123
Портланд Трејлблејзерс-Далас Маверикс 126:118