Џејмс Харден (Хјустон) и Кајри Ирвинг (Бостон) постигнаа 40+ поени во Божикните победи на своите тимови.
Харден игра на МВП ниво. Тој го предводеше Хјустон до победата над Оклахома Тандер 113:109.
„Брадата“ натпреварот го заврши со 41 поен, шест скока и седум асистенции. На последните седум натпревари Харден постигнува најмалку 30 поени, што е втора најдолга низа во историјата на клубот. Во оваа серија тој постигна 47 поени против Јута и 50 против ЛА Лејкерс. Неговиот просек во серијата е 39,9 поени.
Поддршка во победата над Оклахома Херден доби од Ерик Гордон (17 поени) и Клинт Капела (16 поени, 23 скока).
Кај Оклахома најефикасни беа Пол Џорџ со 28 поени и 14 скока, Расел Вестбрук со 21 поен и по девет скока и асистенции, односно Стивен Адамс со 17 поени.
Кајри Ирвинг ѕвездата на Бостон го реши прашањето околу победникот на натпреварот со Филаделфија. Ирвинг најпрвин погоди двојка во финишот и му обезбеди продолженија на Бостон, а во дополнителното време со две троји го реши победникот.
Ирвинг мечот го заврши со 40 поени, 10 скока, три асистенции и една блокада. Маркус Морис и Џејсон Тејтум со по 23 поени го следеа Ирвинг.
Одличен меч за Филалделфија одигра Џоел Ембид (34 поени, 16 скока), Џими Батлер постигна 24, а Џеј-Џеј Редик 17 поени.