НБА саботата беше одбележана со фантастичното деби на Џејмс Харден за Бруклин нетс, во кое поранешниот кошаркар на Хјустон заврши со трипл-дабл за да помогне во 122:115 победата над Орландо меџик.
Харден заврши со 32 поени, 12 скока и 14 асистенции, додека уште подобар беше Кевин Дурент со 42 поени, додека за Меџик, Никола Вучевиќ беше најдобар со 34 поени. Со ова Харден е само седми кошаркар во историјата на НБА кој дебитирал за нов тим со трипл-дабл, а прв кој имал трипл-дабл со најмалку 30 поени. Бруклин го подобри скорот на 8-6, а Орландо сега има 6-7.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Сан Антонио – Хјустон 103:91
Бруклин – Орландо 122:115
Торонто – Шарлот 116:113
Мемфис – Филаделфија 106:104
Мајами – Детроит 100:120
Портланд – Атланта 112:106