Претсезоната во НАБ лигата го отвори натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Бостон Селтикс. Натпреварот им припадна на Хорнетс 104:97, иако Селтикс на полувремето имаа предност 60:45.
Селтикс имаа лош шут за три поени, што на крајот и ги однесе во пораз. Во еден момент кошаркарите на Бостон промашија 21 од 22.обиди за три поени.
Она што е добро за Бостон, тим кој минатата сезона стигна до финалето на Истокот, е што во тимот се врати Городон Хејворд. Овој играч во првиот меч минатата сезона се здоби со тешка повреда поради што ја пропушти комплетната сезона.
Хејворд постигна 10 поени, поен помалку уфрли Кајри Ирвинг, кој исто така не играше во финишот на сезоната поради повреда. Најефикасен кај Бостон беше Џејлен Браун со 14 поени.
На спротивната страна Кемба Вокер уфрли 12 поени.
The @hornets come from behind to win their #NBAPreseason opener!
CHA 104 | @celtics 97
Kemba Walker: 12 PTS
Kidd-Gilchrist: 10 PTS, 12 REB
Miles Bridges: 10 PTS, 8 REB
Jaylen Brown: 14 PTS
Gordon Hayward: 10 PTS#NBAPreseason pic.twitter.com/oWuOdZOTFw— NBA (@NBA) September 29, 2018