Лос Анџелес Лејкерс во своите редови донесоа еден од браќата Адетокумбо. „Езерџиите“ со 21 годишниот кошаркар потпишале договор кој во САД го нарекуваа „двонасочен“. Костас Адетокумбо е најмлад од тројцата браќа кошаркари, Јанис и Танасис се играчи на Милвоки Бакс.
Костас Адетокумбо минатата сезона ја мина во Далас Маверикс, каде што одигра два натпревари. Тој по завршувањето на сезоната доби отказ, а изненадување е што остана во НБА, бидејќи се најавуваше негово враќање во Европа.
Сепак тој решил да ја прифати понудата на Лејкерс, а медиумите веќе пишуваат дека „двонасочниот договор“ значи дека тој многу повеќе ќе игра во Г-лигата, односно во филијалата на „Езерџиите“, Саут Беј Лејкерс.
Што и да се случува со Коста, едно е сигурно, за наредната сезона тројцата браќа Адетокумбо имаат НБА-договори.
Инаку Костас, Јанис и Танасис имаат уште двајца браќа, најстариот Андреас не се занимава со кошарка, додека најмладиот Алексис игра во средно-школската лига во САД.