Top Sport

Меси и Суарез заедно постигнале повеќе голови од сите тимови во Ла Лига

Барселона синоќа го победи Леганес со 3:1, а по еден гол постигнаа Лионел Меси и Луис Суарез. Овие двајца се најдобри стрелци во лигата, Меси постигнал 18, а Суарез 15 гола.

Меси и Суарез по 20 кола постигнале заедно 33 гола, а неверојатен е податокот дека тие двајца постигнале повеќе голови од сите останати екипи во лигата.

Меси и Суарез имаат постигнато три гола повеќе од Атлетико и Реал екипи што се најблиску до Браселона на табелата.

Според тимскиот учинок, најблиску до Меси и Суарез се Леванте и Селта чии играчи досега постигнале 32 гола.

Поради ова Барелона е далеку најефикасна екипа во Ла Лига со 56 гола на досегашните 20 натпревари.

Scroll to Top