Поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, минатиот викенд со својот тим Естудијантес го доживеа третиот пораз во низа во шпанската АЦБ лига. Естудијантес во првите девет кола имаат три победи.
Во деветтото коло Естудијантес доживеаја убедлив пораз од Барселона 72:94.
Хит на социјалните мрежи е говорот што им го одржал Џикиќ на своите кошаркари на еден од тајм-аутите во второто полувреме.
„Морате да играте 40 минути. Што , сега ќе играме за статистиката? Кој сака да игра за статистиката? Вие мислите дека статистиката е важна кога губите со 30 разлика? Мора да играте сериозно момци. Мора да бидете сериозни“, рекол Џикиќ.
"Who wants to play for stats? So you think that stats matter when you are losing by 30?" – Aleksandar Dzikic.pic.twitter.com/ALL2FpLdRZ
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 17, 2019