Кошаркарите на Хјустон ја продолжија серијата победи. Шестата победа во низа, по серијата од 15 порази, Хјустон ја забележа во дуелот со Њу Орлеанс 118:108. Хјустон славеа победа и покрај брилијантната партија на Брендон Инграм кој постигна 40 поени.
Хјустон со тимска игра ги победија Пеликаните. Петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни со по 23 поени беа Брис Вуд и Ерик Гордон.
На спротивната страна покрај Инграм одличен натпревар одигра Јонас Валанчунас. Литванецот забележа дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови.
Торонто забележаа победа на Вашингтон 102:90. Паскал Сијакам го предводеше тимот со 31 поен. Кај Вашингтон се истакна Кентавијус Калдвел-Поуп со 26 поени, тој промаши само еден шут од игра.
Шарлот победија во Атланта 130:127. Атланта играше без Богдановиќ, Оконгву, Редиш и Хантер, додека кај Шарлот отсуствуваа Бол, Пламли, Тозир и Мекденијелс.
Мајлс Бриџис постигна 32, а Кели Убре 28 поени за Шарлот. Кај Атланта се истакнаа Џон Колинс (31 поен, 12 скока), Кевин Хуртер (28 поени) и Тре Јанг (25 поени, 15 асистенции).