Top Sport

Холидеј херој – Милвоки победија во Бостон

Милвоки Бакс го добија петтиот меч од серијата против Бостон Селтикс со 110:107. Блокдата на Џру Холидеј им овозможи на Бакс да победат во Бостон. Милвоки водат со 3:2 во полуфиналната серија на Истокот.

Бостон Селтикс загубија добиен натпревар, откако ги контролираа случувањата на теренот во првите три четвртини, а во еден момент, на стартот од последната четвртина нивната предност порасна на плус 14.

Сепак, Милвоки не се предадоа, при резултат 105: 99 на 100 секунди до крајот, Бакс израмнија со тројките на Адетокумбо и Холидеј. Тејтум, погоди од линијата за слободни фрлања, во следниот напад Адетокумбо погоди едно од двете слободни фрлања. Со офанзивен скок Портис ги донесе Бакс до предност 108:107.

Решавачкиот момент се случи во следниот напад. Холидеј го блокираше обидот на Смарт, а потоа Конатон стави точка на мечот од линијата за слободни фрлања.

Адетокумбо мечот го заврши со 40 поени, 11 скока и три асистенции, а херојот Џру Холидеј постигна 24 поени, осум скока и осум асистенции. Портис постигна 14 поени и 15 скока.

Во редовите на Селтикс најдобар е Тејтум со 34 поени, шест скока и четири асистенции, додека Браун додаде 26 поени, осум скока и шест асистенции.

Шестиот, можеби и решавачки натпревар ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота во 1.30 часот во Милвоки.

Scroll to Top