Top Sport

Дебакл на Голден стејт во Мемфис

Кошаркарите на Мемфис Гризлис го совладаа Голден Стејт Вориорс со 134:95 и го намалија резултатот 3:2 во полуфиналната серија на Западот. Се очекуваше дека Вориорс ќе забележат рутинска победа во петтиот натпревар, наместо тоа доживеаа дебакл.

Поразот како пораз не е толку тежок, Голден Стејт се уште имаат се во свои раце, но во шестиот натпревар ќе бидат под голем притисок да ја завршат работата.

Натпреварот во ниту еден момент не беше неизвесен, Мемфис дојде до предност во првата четвртина, која постојано растеше, плус 10, плус 20, 30, 40, а во еден момент разликата изнесуваше 55 поени (119:64).

Во четвртиот дел гостите од Сан Франциско успеаја да ја намалат разликата, па конечниот резултат гласеше 134:95 (+39).
Најефикасни во победничкиот тим беа Џексон Јуниор, Џонс и Бејн со 21 поен, Брукс додаде 12, а Вилијамс и Кларк за 11 поени. Да потсетиме, Мемфис на овој натпревар одигра без Џа Морент, кој најверојатно ја заврши сезоната.

Кај Вориорс подобар од останатите беше Клеј Томпсон со 19 поени, Куминга додаде 17, а Кари постигна само 14 поени.

Scroll to Top