Top Sport

Хрватите немаа сили за камбек против Грција

Фаворизираната репрезентација на Грција го започна својот настап на Евробаскетот со очекувана 89:85 победа над Хрватска, откако камбекот на „коцкестите“ под водство на Крунислав Симон не успеа, откако Грците доминираа во првото полувреме.

Грците имаа фуриозно прво полувреме, во кое имаа 46:30 предност, откако Дорси уфрли 20 поени, а Адетокумбо додаде 12 поени. Но, потоа во финишот на натпреварот, по трите сврзани тројки на Хрватите предводени од Симон, предноста на Грците се „стопи“ на само два поени (62:60). По ова следуваше далеку поизрамнет меч, за Хрватите да се доближат на 82:84 во последната минута од мечот.

Сепак, нападот на Зубац за израмнување не успеа, по што Калатес го пронајде Јанис Адетокумбо за обезбедување на победата во Милано.

ГРУПА Ц
Велика Британија – Украина 61:90
Хрватска – Грција 85:89
Италија – Естонија 21.00 ч.

Scroll to Top