Top Sport

Усик: Титулата ја земале Циганите! Фјури: Те чекам, мала кучко!

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури вети дека ќе го „уништи“ својот ривал Олександер Усик, нарекувајќи го украинскиот фајтер „п.чка“ и „мала кучка“ во интензивно видео на социјалните мрежи.

Усик ги одбрани ВБА, ВБО и ИБФ титулите со импресивна втора победа над Ентони Џошуа минатиот месец во Саудиска Арабија, а Фјури, иако претходно објави дека е во пензија, најави дека сака борба за обединување на титулите со Украинецот. Но, Усик изјави дека борба во декември е „невозможна“, бидејќи му е потребно време да се опорави.

„Прво, имам стри повреди. Второ, не сакам да боксувам во декември. Година и пол не излегов од теретана, сакам да бидам со моите деца, моето семејство. Боксот може да почека. Следната година, може да се сслучи. Ја сакам ВБЦ титулата, ја освоиле Циганите, некој крал“, изјави Усик.

Фјури не остана покус.

„Усик, боксер од средн категорија. Велиш го сакаш ВБЦ појасот и тој е кај Циганите. Да, кај Циганите, е кај ‘Џипси кинг’ и цврсто го држиме. Сите патишта ти водат кон џин кон апсолутно ќе те уништи. Ќе те распарчам во парчиња. Кажа дека сакаш да се бориш со мене откако го победи бодибилдерот, ме повика на телевизија, а сега си мала кучка, п.чка која бега и се крие зад повредите. Излези и бори се во декември. Исходот ќе биде ист, ќе те уништам. Најди си ги мадињата, дојди да ме видиш, кучко“, вели Фјури.

Scroll to Top