Top Sport

И на 26 разлика за Партизан, Обрадовиќ лут на дел од играчите

Белградски Партизан во првиот меч пред домашната публика сезонава во АБА лигата со 79-57 славеше против тимот на Студентски центар. Сепак, крајниот резултат на мечот падна во сенка на интересната реакција, типична за стратегот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ кој при еден тајм-аут на својот тим, на 26 разлика за Партизан го искажа незадоволството од одредени потези на дел од кошаркарите.

„Помош од страна, помош од страна! Ти си тука и сакаш да ја земеш топката, сечи, сечи. Пази на втрчување и на вториот играч кој влегува, продолжи да играш. Што е работава? Нели вежбаш на тренинг ‘pop-aut’? Што правиш сега? Дај малку вразумете се, изгубена топка е изгубена топка, глупаво изгубена. Играме добра одбрана, дајте малку ум во нападот“ викаше Обрадовиќ кон играчите.


Најефикасен во домашниот тим беше Смаилагиќ со 13, Пантер имаше 12, а Трифуновиќ 10 поени.

Scroll to Top