Top Sport

Вајлдер: Знаев дека Фјури не ставил толку килограми на себе за да биде балетан!

Дионтеј Вајлдер не можеше да одржи прес-конференција по поразот од Тајсон Фјури утринава во Лас Вегас затоа што во 11. рунда беше нокаутиран од противниот. По мечот Американецот бил одведен во болница да му се укаже помош.

На Вајлдер му течела крв од увото, а имал и проблеми со рамнотежата, па било одлучено да не се обрати на прес-конференцијата.

Сепак, ЕСПН пренесува дел од неговите зборови по борбата.

„Дадов се од себе, но не бев доволно добар. Не сум сигурен што се случи. Знаев што прави Тајсон на тренинзите, Знаев и дека не ставил толку килограми на себе за да биде балетан! Дојде, се наслони на мене, се приближи и ја искористи можноста“ рече Вајлдер по мечот.

Scroll to Top