Top Sport

Нурмагомедов: Славата лесно може да го проголта човекот!

Поранешниот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов истакнува дека тешко се носи со популарноста која ја стекна благодарение на своите успеси во октагонот.

Ќе отидете во супермаркет – сите гледаат во вас, се обидувате да прошетате на улица, ве застануваат на секој чекор, сакате да се напиете пијачка на некое место, ве опколуваат и бараат автограми – така отприлика изгледа еден ден на популарните луѓе.

Иако многумина мислат дека лесно е да се навикнеш на ваквиот тип на живот, непоразениот ММА шампион, Хабиб Нурмагомедов вели дека славата често им претставува проблем на поединците.

„Тоа воопшто не е лесно. Порано, кога бев млад и гладен за успех тоа не го разбирав, сега разбирам. Дури и овде, во Англија. Вчера бев во Бирмингем, во Манчестер, во Лондон. Тешко е да излезеш надвор и да бидеш обичен човек. Популарноста е поопасна од парите“ смета тој.

Тој смета дека некогаш му биле потребни само едноставни работи, но сега вели дека „се фаќа“ самиот како посакува да ужива во работите кои бараат поголеми финансиски трошоци.

„Мислам дека малку се променив. Некогаш луксузниот живот ве фаќа неподготвен. Во мојата глава се е исто, јас дојдов од село, но селото остана во мене. Не можам да го извадам од срцето. Понекогаш уживам во добрата храна, јадам буквално се“ вели Нурмагомедов кој кариерата ја заврши со скор 29-0.

Scroll to Top