Кошаркарот на Вашингтон Визардс Бредли Бил не го крие незадоволството што не се најде на листата на играчи за Ол-стар натпреварот во Чикаго. Иако има просек од 28,6 поени и 6,3 асистенции по натпревар за Бил не најде место меѓу 12 најдобри од Источната конференција.
„Искрено, бесен сум. Мислам дека се работи за непочитување. Знам кој сум и колку можам, очекував дека ќе играм на Ол-стар натпреварпт. Сепак нема да бидам таму. Останувам да го задржам овој ритам и да му помогнам на тимот да влезе во плејофот“, рекол Бил по победата над Шарлот во која придонесе со 34 поени, девет скока и девет асистенции.
Бил (26) е играчот со најголем просек на постигнати поени што нема да игра на Ол-стар натпреварот во последните четири децении.