Top Sport

Сакраменто го торпедираа кошот на ЛА Клиперс (Видео)

Кошаркарите на Сакраменто Кингс во Лос Анџелес ги декласираа Клиперси со 124:103.

Фаворитите Клиперс играа добро само во првата четвртина, останатите три им припаднаа на Кингс. Предводени од Диерон Фокс и фантастичниот шут за три поени Кингс на полувреме имаа предност од 67:47.

Во второто полувреме Клиперс во ниту еден момент не можеа да и парираат на разиграните Кингс.

Тимот на тренерот Лук Волтон на овој меч постигна 21 тројка што е нов рекорд на франшизата.

Фокс го предводеше Сакраменто со 34 поени и осум асистенции, Бади Хилд постигна 19, а Кори Џозеф 16 поени.

Кај Клиперс се истакнаа Лу Вилијамс со 22 и Монтрезел Херел со 21 поен.

Scroll to Top